Мајката на една од жртвите на Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осум свои врсници и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“, денеска дошла пред училиштето во кое се пукало и го повикала своето дете во солзи.
Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, мајката е скршена од болка, плаче и лелека пред училиштето.
Во еден момент таа се јави на телефон и само рече: „Нема да го издржам ова, ја изгубив ќерка ми“.

Облеана во солзи и ги гледаше цвеќињата, а наеднаш и се слоши и седна на тротоарот.
Синоќа илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар.
Фото: Блиц.рс