Наутро ведро и студено, преку ден сончево со мала облачност

од Вести365.МК Ј.Р.

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 0 степени, а максималната ќе достигне 13.

Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следува период на стабилно, ветровито и потопло време со утрински температури кои до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а во деновите потоа во постепен пораст.

Слични објави