На СДСМ им смета што ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за 27 април и дека Битола даде помош за осудените

Според СДСМ шест години по „крвавиот четврток“ во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту ронка каење или извинување за теророт што оваа партија го создаде само за да не ја предаде власта.

На СДСМ исто така им смета и дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги славеле и барале амнестија за 27 април.

– Последен пример за тоа е одлуката на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Советот на општина Битола парично да ги награди осудените лица за 27 април.  ВМРО-ДПМНЕ и Левица злоупотребија народни пари за да наградуваат осудени лица и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ.  Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ – насилничка, режимска партија на страната на криминалот и криминалците, секогаш против интересите на граѓаните и државата, сметаат од СДСМ.

Слични објави