Претседателот на владата, Христијан Мицкоски извести за остварена средба со британскиот амбасадор Метју Лосон.
Разговаравме за актуелните политички и општествени случувања. Ја истакнав мојата решеност за развивање на партнерствата со пријателските држави, како искористување на потенцијалите за економска соработка која носи подобар животен стандард и просперитет, напиша на својот фејсбук профил, премиерот Мицкоски.