Митровски: Пресудата е шок за семејството

Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна(е ај да не бидат) но пресудата е шок за семејството и сол на рана, вели Јанаки Митроввски, адвокатот на семејството на прегазената 11 годишна Магдалена од велешанецот Ангелчо Николов кому Апелација му ја намали казната.

Николов ќе треба да издржи осум години затвор како што одлучи скопска Апелација, односно казната му е намалена за десет години.

Според Митровски образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори.

– Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош, пишува тој.

Слични објави