Митева: Посетата на САД е значајна за продлабочување на партнерството и нови инвестиции

од Вести365.МК Ј.Р.

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која дискутираше за посетата на македонската делегација на Њујорк и истакна дека средбите се значајни за продлабочување на партнерските односи и создавање услови за идни инвестиции и економска соработка и оцени дека земјата се гледа како сериозен партнер од страна на САД и дека Владата, преку дипломатските активности, работи на градење пријателски односи и отворање нови можности на политички и економски план.

Оваа посета се реализираше на три нивоа, едната е во Вашингтон, другата е во Њујорк и едната е со бизнис заедницата и да не заборавиме македонската дијаспора којашто не паметам дали некогаш некој од СДС ја посетил. Во Вашингтон имавме средби со конгресмени, во Њујорк имавме средба со заменик државен секретар каде што навистина присуствуваа луѓе коишто се од стејт департментот и коишто работат за Балканот и за регионот. Битно е дали имаме политичка присутност, дали сме една од земјите коишто САД ја гледаат како сериозен партнер, сме, дали се обидувавме да градиме пријателство и да овозможиме идни инвестиции и на економски план да, и дали оваа Влада работи чесно во делот на дипломатските односи, со сигурност да, рече Митева.

Во врска со блокадите на Македонија на евроинтегративниот пат, Митева истакна дека актуелната состојба е резултат на погрешни политики од претходната власт и посочи дека треба да продолжи дијалогот, да се презентираат позициите на државата и граѓаните и да се бара решение со кое Македонија ќе може да продолжи кон членство во Европската Унија заштитувајќи ги националните интереси.

Пред само четири години правевте штета на македонските интереси и штета на патот на Македонија кон Европската Унија така што вашата лицемерна политика ја донесе Македонија до оваа фаза да вие велите не можеме ништо да видиме, слушаме само дека имаме услов, да имаме услов поради вашите погрешни политики. Но ние сме политичари кои се свесни дека мора да направат нешто да помогнат во решавање на овој процес со заштита на македонските национални интереси и заради тоа ќе продолжиме континуирано да бараме дијалог, да ги презентираме нашите позиции и позициите на граѓаните коишто велат дека не се подготвени за такви отстапки, да бараме начин како Македонија конечно да биде дел од европското семејство“, децидна е Митева.

Слични објави