Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев денеска изјави дека московските власти нема да дозволат раскол и предавство и дека секој што ќе се обиде да го стори тоа ќе биде поразен.
Медведев на својот канал на Телеграм објави дека предавството е патот до најголемата трагедија, универзална катастрофа која властите нема да ја дозволат, пренесува РИА.
– Расколот и предавството се патот до најголемата трагедија, универзална катастрофа. Тоа нема да го дозволиме. Непријателот ќе биде поразен! Победата ќе биде наша – напиша Медведев Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска ги отфрли обвинувањата на претседателот Владимир Путин за предавство, а неговите борци ги нарече патриоти.
Во аудио порака на својот канал Телеграм, Пригожин рече: „Што се однесува до предавството на татковината, претседателот направи длабока грешка. Ние сме патриоти. Никој нема да се предаде на барање на претседателот. Не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција и лаги“.
Тој рече дека неговите борци нема да се предадат на барање на Путин, бидејќи „не сакаме земјата да живее во корупција, измама и бирократија“.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата вети дека ќе ја брани земјата од вооружениот бунт на Пригожин, кој тој го нарече „нож во грб“ за Русија.
– Сите што го подготвија бунтот ќе ја претрпат неизбежната казна. Вооружените сили и другите владини агенции ги добија потребните наредби – рече Путин во телевизиско обраќање до нацијата.