Медведев: Време е да престанеме да бидеме толерантни кон пристапувањето на Украина во ЕУ

од Вести365.МК Ј.Р.

Дмитри Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија,  изјави дека Москва треба да го напушти својот „толерантен став“ кон евентуалното членство на Украина во ЕУ, објави Ројтерс.

„ЕУ повеќе не е само Економска Унија. Таа може да се трансформира, и тоа доста брзо, во полноправен воен сојуз, отворено непријателски настроен кон Русија и во некои аспекти полош и од НАТО“, рече Медведев.

Време е да се напушти толерантниот став кон нашите соседи кои се приклучуваат кон она што сега е воено-економска Европска Унија – додаде тој.

Медведев рече дека не верува оти Соединетите Американски Држави ќе го напуштат воениот сојуз на НАТО, но дека Вашингтон би можел да преземе симболични потези како што е намалувањето на бројот на американски војници стационирани во другите членки на НАТО.

Рускиот политичар, сепак, истакна дека очигледните поделби во рамките на НАТО би можеле да ја поттикнат ЕУ да стане повеќе од само економски сојуз.

Слични објави