Шефот на Твитер, Илон Маск, зборуваше за падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Тој не пропушти да ги „пецне“ на негов начин, па на Твитер накратко напиша: „Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“.
Да потсетиме, проблемот започна околу 15 часот и 30 минути, а се чини дека околу 17 часот и 30 минути Фејсбук работеше на некои корисници, иако на сајтот DownDetector пишува дека се уште не работи за стотици илјади луѓе. Инстаграм сè уште има проблем, вели дека доводот не може да се вчита.
