Вчера на пладне во „Беломорски Клуб Читална“ се одржа одбележувањето на првата годишнина од неговото постоење и 80 години од формирањето на НОФ за Егејскиот дел на Македонија.
На настанот присутни покрај основачите, членовите на клубот, беа и премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници од повеќе министерства, градоначалници.
Целта на отворањето на клубот, како што беше посочено била една, а тоа е да се одржи отворено прашањето на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, а на најмладите да им се пренесе љубовта кон татковината.
Основачите и членовите изразија голема благодарност до Владата, за како што рекоа поддршка и помошта која изминативе години ја добиваат, а во таа чест на премиерот Христијан Мицкоски му беше доделена и благодарница.
И овој пат во 21 век се обединивме и го поразивме тоа што 7 години го тероризираше македонскиот идентитет и народ. Денеска е во длабока опозиција а ние ќе се бориме да го повратиме достоинството кое го имавме во минатото, порача Мицкоски.