Маж со пиштол протестираше во неделата во родниот град на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер.
Носеше портокалов заштитен елек и плакат со слогани и навреди против американскиот претседател и неговиот син Хантер испишани на двете страни.
„Бајденови се криминалци“, пишувало меѓу другото на едната страна од постерот, а буквите „С“ се заменети со знак за долар.
На фотографиите се гледа дека мажот има огнено оружје во појасот. Се вели дека возило на тајната служба постојано го следи човекот.
