Интер со победа од 2:0 го надигра Милан на Сан Сиро во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Во првото полувреме Интер доминираше и со головите на Џеко и Михтаријан, поведоа 0:2 резултат кој остана и по истекот на 90-те минути.
Милан минатата недела, остана без Леао, што се одрази на нивната игра, иако сеуште имаат теоретска можност за пласман во четвртото финале, сепак има и реванш натпревар. Реваншот е на 16-ти мај, секако повторно на „Сан Сиро“ т.е. овојпат „Џузепе Меаца“.
Поминати се 13 години откако еден од двата милански клуба стигнал до финалето на Лигата на шампионите. По двата меча меѓу Интер и Милан ќе го дадат противникот на подобриот од пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. Секако „Нераѕурите“ по првите 90 минути од полуфиналето се поблиску до тоа.
Последен милански клуб во финалето на Лигата на шампионите беше Интер во 2010-та година, кога во финалето го совладаа Баерн со 2:0, со нашиот Горан Пандев во составот, освојувајќи ја третата европска титула. Додека, Милан седум пати бил освојувач на Лигата на Шампионите, последен пат во 2007-та година.