Лига 1: Олимпик Марсеј на -5, Лил на чекор до Евро-куповите, ПСЖ поразен од Лориен(Видео)!

Во рамките на 33-то коло од Лига 1, фудбалерите на Олимпик Марсеј победија Оксер со 2:1 на домашен терен на „Велодром“ и го направија трката за титулата понеизвесна. ПСЖ загуби на домашен терен од Лориен со 1:3, што им даде шанса на Марсеј да се приближат на 5 бода негатива во однос на Светците, на пет кола до крајот на сезоната.

Лил победи со 3:0 на домашен терен против Ајачио и се приближи до евро-куповите. Додека на натпреварот на ПСЖ против Лориен, ПСЖ по црвениот картон на Хакими, изгубија 3:0, но Килијан Мбапе го постигна најоткачениот гол во својата кариера, откако профитираше од наивната грешка на голманот на Лориен, кој мислеше дека топката е голманска. Главниот судија не досуди прекршок, па голот беше прогласен за важечки.

Слични објави