Kошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, го напушти теренот предвреме во натпреварот број 2 од полуфиналето на Западната конференција против Денвер. Пол мораше да оди во соблекувалната во третата четвртина поради повреда на левата нога. Тој го напушти теренот 4:32 пред крајот на сегментот од третиот натпревар. Повредата настана по борба за топка со Кентавиус Калдвел-Поуп. Денвер ја извојува втората победа (97:87) во серија прв до четири. На вториот натпревар ноќеска во НБА-плејофот, Филаделфија го победи Бостон со 119:115 и поведе со 1:0.