Кој е масовниот убиец од Мејн што уби над 20 луѓе? Војник со дебело досие на семејно насилство, со месеци лежел на псхијатрија

Полицијата во Левистон го идентификуваше Роберт Кард како главен осомничен за пукотниците во кугланата и ресторанот. Локалните жители, исто така, се предупредени да останат во своите домови, бидејќи Кард се смета за „вооружеен и опасен“. Кој е Роберт Кард, масовниот убиец од Мејн?

Како што пренесуваат медиумите, овој 40-годишник е припадник на резервниот состав на американската армија, а исто така е специјално обучен за ракување со оружје.

Тој бил женет двапати и има три деца.

Тој и е познат на полицијата уште порано, бидејќи неговото досие е преполно со бројни пријави за семејно насилство, а на една од неговите бивши сопруги, исто така, му е одредена забрана за приближување.

Кард летово помина две недели во психијатриска установа бидејќи слушнал гласови и се заканил дека ќе пука во базата на Националната гарда.

Убиецот студирал инженерство на Универзитетот во Мејн. Не се знае дали дипломирал, но студирал помеѓу 2001 и 2004 година, изјави портпаролот на универзитетот Ерик Гордон.

Вчера вечерта околу 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе беа ранети во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн. Полицијата го идентификуваше Роберт Р. Кард од Баудоен како убиецот.

Слични објави