Коста бил прецизен затоа што одел на „Ерсофт“ – специјална игра со пукање слична на пејнтбол

од Вести365.МК Ј.Р.

Момчето Коста К., кое уби девет и рани седум луѓе, не можело да стекне искуство за да ги убива своите пријатели со толкава прецизност, како што било сторено, со три пати одење на стрелиште, изјави за „Танјуг“ оружарката Ана Симоновиќ.

Како што прецизира Симоновиќ, која има сертификати за ракување со речиси сите видови огнено оружје, момчето било тренирано, но не на стрелиште, туку активно тренирано во „Ерсофт“, што е воено-тактичка симулација, а тоа го искористило за целите на ова кривично дело.

-К.К на тренинзите на „Ерсофт“ го однел неговиот татко и тренирале заедно, што, за многу денес е „анти-стрес игра“ и нема старосна граница, исто како „пејнтбол“ – рече Симоновиќ и истакна дека според неа, во Законот за поседување оружје и муниција нема никаков недостаток, дури тој закон го смета за престрог.

Инаку, „Ерсофт“, која најпрво се прошири во Јапонија, е тимска игра со пукање во која учесниците ги елиминираат противничките играчи, означувајќи ги со воздушни пиштоли со мала моќност.

Иако се слични на пејнтбол во концептот и играњето, во „Ерсофт“ не се оставаат видливи ознаки на погодените играчи и ударите не се секогаш очигледни. Доколку играчот биде погоден, може да му бидат оставени мали модринки или вдлабнатини на отворената кожа. Кога играчот ќе биде погоден, мора да признае дека е „убиен“ и да го напушти теренот.

Многу земји имаат отворени терени каде луѓето можат да ја тренираат оваа игра. САД на пример, уште во 2018 година го официјализираше „Ерсофт“ тренирањето и луѓето можат на бројни места да ја играат играта.

Слични објави