Ковачевски ќе се обрати на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа

од Вести365.МК Ј.Р.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, на вториот ден од Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик, ќе има свое излагање на Генералната дебата на тема „Обединети за Европа”. На Генералната дебата воведни обраќања ќе имаат премиерката на Исланд Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ како и претседателот на Парламентарно Собрание на Советот на Европа, Тини Кокс, а потоа предвидено е да се обратат сите 46 шефови на држави- учесници на Самитот. Четвртиот Самит на Совет на Европа, што годинава се одвива во Рејкјавик, е посветен на Украина и се однесува на мирот и почитувањето на човековите права. Целта на Самитот е да се обединат земјите членки кон принципите за демократија, обезбедувајќи јасно заедничко разбирање за тоа како ја обезбедуваме и зајакнуваме демократијата во Европа. На дневен ред на четвртиот Самит на Советот на Европа е и формирање регистар за евидентирање на штетите предизвикани од руската агресија врз Украина и за реафирмирање и унапредување на основните вредности: човековите права, демократијата и владеењето на правото. На крајот на Самитот, Исланд официјално ќе и го предаде на Летонија претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа за период од шест месеци.

Слични објави