Ковачевски да одговори, каква е поврзаноста на СДС и ДУИ со фирмата која заврши на црната листа, а која направила софтвер за следење на граѓаните

СДСМ и ДУИ се должни да дадат одговор во јавноста за тоа каква е нивната поврзаност со израелско-македонската фирма која работела на шпионскиот софтвер Предатор. Оваа фирма САД ја стави на црната листа.  Станува збор за фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека за истиот канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани.

– Причина фирмата да биде на црната листа како што наведуваат од САД е нарушување на сајбер-безбедноста. Според САД фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот. Информација дека Македонија има купено софтвер за шпионажа Предатор објавија и грчки истражувачи. Од Димитар Ковачевски немаше никаква реакција, истакнуваат тие.

Како што посочија оттука се појавуваат низа на дилеми и прашања.

– Јавноста мора да добие одговори на следните прашања, прво зошто јавното обвинителство молќи за овој скандал, второ, зошто Ковачевски молчи за шпионскиот софтвер, трето, дали  Ковачевски можеби дал зелено светло за овој софтвер користен за следење на граѓаните?, стои во соопштението.

Слични објави