Клопчети на ужасот се расплетува: Ископаните тела на жртвите на верскиот култ во Кенија НЕМААТ ОРГАНИ, уште 400 лица се водат како исчезнати

од Вести365.МК Ј.Р.

Најроби – Аутопсиите на телата пронајдени во масовните гробници поврзани со верски култ во Кенија открија исчезнати органи, соопшти локалната полиција.

„Во извештаите од обдукцијата е утврдено дека недостасуваат органи од некои од телата на ексхумираните жртви“, изјави главниот инспектор Марин Мунене, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека трговијата со човечки органи била добро координирана и дека во неа учествувале неколку играчи.

Првите обдукција објавени кон крајот на април и почетокот на мај покажаа знаци на изгладнување, а во некои случаи и знаци на задушување.

„Повеќето од нив имаа знаци на глад. Немаше храна во нивните стомаци“, рече главниот владин патолог Јохансен Одур.

Во шумата Шакахола во источна Кенија, 104 тела, главно деца, се извлечени од масовните гробници, а 44 луѓе се спасени.

Телата им припаѓаат на следбениците на сектата Меѓународна црква на добрата вест, чиј водач Пол Мекензи беше уапсен по дојава за постоење на масовни гробници.

Мекензи е во полициски притвор од 14 април, заедно со уште 14 други осомничени членови на култот.

Ова е една од најлошите трагедии поврзани со секта во Кенија во поновата историја, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми, имајќи предвид дека повеќе од 400 лица се пријавени за исчезнати, пишува британската агенција.

Слични објави