Ученикот од 7-мо одделение од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград кој утринава застрела осум ученици и ученички, како и чувар, нема одговара кривично.
Ова го соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.
Согласно Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години, се вели во соопштението на тоа обвинителство.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, таткото на ова момче В.К. (48) му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против општото обезбедување. Претходно увид на лице место извршија дежурни заменици јавни обвинители на Одделот за општ криминал и Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство Белград, кои наредиле во присуство на вработени во Центарот за социјални Работа, од К.К. да земе изјава и да изврши лекарски преглед, по што Центарот ќе одлучи какви мерки ќе преземе од негова надлежност.
Наредено е и да се земе крвта на К.К за токсиколошка анализа, за да се утврди дали во моментот на извршување на кривичното дело бил под дејство на алкохол, наркотици или други психоактивни супстанци. Се истражуваат сите околности на овој случај, како дошол до пиштолот, како и мотивите на ова грозоморно злосторство, се вели во соопштението.
Вишиот јавен обвинител во Белград, Ненад Стефановиќ, во свое име и во име на целиот тим на ВЈТ изрази искрено сочувство до семејствата на децата и училишните работници.