Израел бомбардираше области во близина на три болници во Појасот Газа

Израелските сили утринава бомбардираа области во близина на три болници во Појасот Газа, јавија палестинските медиуми, но не е јасно дали самите болници претрпеле штета.

Медиумите објавија дека Израел го извршил нападот во близина на болницата Ал Шифа во Газа и болницата Ал Кудс, како и индонезиската болница во северниот дел на енклавата.

Директорот на индонезиската болница изјави за Ал Џезира дека израелското бомбардирање предизвикало „сериозна штета и повреди“, без да даде детали.

Во моментов нема извештаи за повредени или штети во близина на другите две болници, објави Ројтерс

Слични објави