Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди американската сојузна држава Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот бил почувствуван во делови на Њујорк, Конектикат и Њу Џерси, пренесува „Њујорк пост“, а длабочината на земјотресот била 10 км.
Гувернерите во Њу Џерси, Њујорк и Пенсилванија, потврдија во постови на „X“ дека земјотрес потресе области во нивните сојузни држави.
„Нашиот регион штотуку доживеа земјотрес со прелиминарна јачина од 4,7 степени, со епицентар во близина на Редингтон во округот Хантердон. Го активиравме нашиот Државен оперативен центар за вонредни состојби,“ напиша гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи.
Иако е невообичаено њујорчани да доживеат земјотрес, настанот не е без преседан, но тоа не ги спречи жителите на Големото Јаболко да ја фатат работата на мајтап. Покрај најочигледните коментари („имавме земјотрес“), еве некои од најдобрите твитови за вознемирувачкиот феномен.
Набргу откако жителите го почувствуваа земјотресот, многумина споделија шеги и мимови на социјалните мрежи. „Њузвик“ објави неколку од нив.
„Го преживеавме земјотресот во Њујорк. Ќе го обновиме“, напиша корисникот на „X“, Брендон Трусо, споделувајќи фотографија од корпа за отпадоци.