Зеленски потврди дека Бахмут е изгубен: „Таму нема ништо“

од Вести365.МК Ј.Р.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека Русија ја презела контролата врз Бахмут, по жестоката битка за градот која траеше осум месеци, а ја предводеше руската приватна паравоена организација Вагнер со поддршка на руската војска.

Зеленски изјавил дека верува оти Украина го изгубила тој град, но додаде дека „таму ништо не останало“ и дека Русите „уништиле се“, како што пренесува АП.

Запрашан дали Бахмут сѐ уште е под контрола на Киев, тој рече: „Мислам дека не е така“.

„Денеска Бахмут е само во нашите срца“, рече Зеленски и додаде дека „таму нема ништо“.

Украинскиот претседател го изјави ова на самитот на групата Г7 во јапонскиот град Хирошима.

Руското Министерство за одбрана во саботата потврди дека е заземен стратегискиот град Бахмут, по што рускиот претседател Владимир Путин ѝм честитал на паравоената организација Вагнер и на припадниците на руските вооружени сили за заземањето на украинскиот град.

Слични објави