Зеленски допатува во Хирошима на Самитот Г7 ФОТО/ВИДЕО

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска пристигна во Хирошима на самитот на лидерите на Г7, објави Ројтерс.

На видео снимките од бројни медиуми се гледа како Зеленски излегува од авионот на француската влада.

Првично Зеленски требаше да учествува на самитот преку видео врска, но изразил голема желба да дојде во Јапонија, соопштија од јапонското Министерство за надворешни работи.

„По внимателно разгледување на агендата на самитот и распоредот, решивме да одржиме седница за Украина, во лично присуство на претседателот Зеленски, на последниот ден од самитот“, се наведува во соопштението.

Зеленски ќе има статус на гостин на седницата за „мир и стабилност“ со лидерите на Г7, како и со некои други лидери на земји кои не се членки на групата.

Тој ќе разговара и со јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој претседава со самитот.

Слични објави