Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги отфрли критиките на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија не испратила „сериозна делегација“ на преговорите со Украина во Истанбул.
Како одговор на изјавата на Руте дека руската делегација дошла во Истанбул „со одреден историчар“, Захарова потсети дека помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, кој го предводеше рускиот преговарачки тим, не е „некаков историчар“, туку „специјалист за меѓународни односи, научник, државник“, објавува Руска Газета.
„Сериозната делегација од Украина ја предводеше украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој не служел во армијата, туку целиот свој живот го поминал како менаџер во телефонска компанија“, изјави портпаролката на руското Министерство.