Затекнати две лица кои незаконски наплатувале паркинг услуги во близина на поликлиниката Бит- пазар

од Вести365.МК Ј.Р.

Во близина на Поликлиниката „Бит-пазар“ во Скопје денеска полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. 

Како што соопшти МВР, на местото се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.

Слични објави