Западно-нилската треска се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција

од Вести365.МК Ј.Р.

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Македонија, Романија, Србија и други земји.

Според податоците на ЕЦДЦ, најмногу случаи се регистрирани во Италија, 311, по што следи Грција со 157.

Вкупно 99 европски региони се погодени, додека вирусот е регистриран за прв пат во 21 регион.

Во истиот период минатата година, девет европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони.

Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил во Европа се јавуваат за време на сезоната на комарци, од пролет до есен, а врвот на преносот е помеѓу јули и септември.

Слични објави