Њујорк стана првата држава во Америка која ја забрани употребата на гас во повеќето нови згради.
Тоа е огромна победа за активистите кои се борат за подобра животна средина и клима, но во исто време потег што може да предизвика намалување на интересот за фосилните горива.
Новиот закон ги забранува шпоретите, печките и греењето на гас воопшто, и ја охрабрува употребата на уреди кои имаат помало влијание врз климатските промени, како што се топлински пумпи и индукциски плочи кои се инсталирани во повеќето нови станбени згради во оваа земја. Ова ефективно значи префрлување на целосно електрично греење и готвење во нови згради со помалку од седум ката до крајот на 2026 година и за повеќекатните згради до 2029 година.
Оваа одлука не се однесува на забраната за гас во сите нови згради, како што се оние со голема комерцијална или индустриска употреба како што се продавници, болници, перални или ресторани. Според податоците и извештајот од минатата година, емисиите од згради сочинуваат 32% од вкупните емисии на стакленички гасови во државата Њујорк.
Метанот, главната компонента на гасот што се користи за гориво за шпорети за готвење или за загревање на домовите, има повеќе од 80 пати поголем потенцијал за глобално затоплување од јаглерод диоксид кога се ослободува во атмосферата.
Ричард Трумка Џуниор, американски комесар за безбедност на производи за широка потрошувачка, предизвика коментари претходно оваа година кога рече дека печките на гас се значаен извор на загадување во затворен простор поврзан со детската астма и сугерираше дека тие треба да бидат забранети од нови станбени објекти. Законот беше усвоен набргу по ваквите коментари и галама во јавноста.
Њујорк е првата држава што усвои ваков закон, а во 2019 година Беркли беше првиот американски град кој воведе кодекс и забрани поврзување на нови згради со природен гас. По Беркли, градовите како Сан Франциско во 2020 година и Њујорк Сити во 2021 година го следеа примерот.
Гасната индустрија го карактеризираше новиот закон како одземање на правата на потрошувачите.
„Секој притисок за забрана на гасот ќе ги зголеми трошоците за потрошувачите, ќе го загрози напредокот и ќе ја ускрати достапната енергија за населението со ниски приходи“, рече претседателката и извршен директор на Американската асоцијација за гас, Карен Харберт.
Покрај забраната за гас, договорот за буџетот во Њујорк претставува и други идеи во врска со климатските промени, вклучително и создавање јавни проекти за обновлива енергија кои би создале зелени работни места. Дополнително, компаниите кои произведуваат повеќе емисии на јаглерод ќе имаат можност да бидат дел од програмата за ограничување и инвестирање и на тој начин да ги дадат сите приходи од оваа програма на иницијативи кои го неутрализираат влијанието на загадувањето што ја загрева нашата планета.
Управата за електрична енергија на Њујорк работи на планови за декагрбонизација на 15 државни капацитети, кои имаат најголеми емисии на стакленички гасови. Новите планови имаат за цел да го забрзаат напредокот кон почист градежен сектор, да го поддржат создавањето висококвалитетни работни места во идните проекти за декарбонизација и да ја приближат земјата до постигнување на нашите климатски цели.