Забрана за приближување и контакт за скопјанец кој му се заканувал на градоначалникот на Карпош 

од Вести365.МК Ј.Р.

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 60 годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска информираа од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрво започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

– Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација. Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството, појаснуваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител на судот му предложил да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста. 

Слични објави