За само неколку часа Давкова собра 15 илјади потписи

За само четири часа, во периодот од осум изутринава до 12 часот кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова собра повеќе од 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата.

Силјановска Давкова вчера беше и официјално избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, откако доби 444 делегатски гласа на Конвенцијата на најголемата опозициска партија.

Слични објави