Бектеши: Ако имате сметка од 1000 денари, ќе плаќате 70 помалку

Цената на електричната енергија за домаќинствата после Нова година, кај првиот тарифен блок се намалува за 5,16 проценти. Вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, третиот блок се зголемува за 2,88%, а четвртиок блок се зголемува за 1,86%. Ова денеска го истакна директорот на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција.

Како што посочи, со воведувањето на пристап кон мрежа, се овозможи цената за мрежарина да се намали за речиси 23%.

-Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што објавивме пред малку. Денеска покажавме што значи воведувањето на надоместокот на пристап кон мрежа. Тоа доведе до намалување на цената во првиот блок и цената во евтината тарифа и во вториот блок да остане иста, информира Бислимовски.

-Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврт блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%, рече Бислимовски.

Според директорот на РКЕ, новата цена за струјата е збир од цена за енергија, плус збир и плус мрежарината.

Министерот за економија, Крешник Бектеши  објасни како ќе се применува новата цена на електричната енергија на сметките кај граѓаните, после 1-ви јануари.

Според Бектеши, ако на сметка од 2000 денари, ако тарифата за дистрибутивна мрежа е моментално речиси двојно од тоа што се плаќа за електрична енергија, таму има намалување од 27%.

-Намалување од 27% на 1000 денари е 270 денари. Ако плаќаш надоместок од 200 денари, имаш намалување за 70 денари. Да не зборуваме за сметки што се повеќе од 1000 денари, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

-Ако вие имате сметка од ЕВН од 2000 денари, каде 1000 денари плаќате за мрежата и 1000 денари за струјата. Со одлуката на РКЕ, 1000 денари за мрежата се намалува за 27%. Со воведување на новата давачка, вие пак имате намалување за 70 денари. Ако е 2000 денари, намалувањето е уште поголемо. Сите во првиот блок ќе добиваат пониски сметки за струја, додаде министерот.

Слични објави