ЕУ до Украина: Не сме организација која дава безбедносни гаранции

Европската унија не е организација која дава безбедносни гаранции и затоа не може да и ги даде ниту на Украина, изјави шефот на европската дипломатија Петер Стано.

Европската унија ја поддржува Украина во неколку области, но прашањето за безбедносните гаранции не е за ЕУ. Ние не сме организација која обезбедува безбедност и затоа не можеме да разговараме за безбедносните гаранции. Тоа се прашања за НАТО и за одредени земји, но не и за ЕУ“, рече тој.

Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека се подготвува безбедносен гарантен пакет за периодот до приемот на неговата земја во НАТО.

Тој посочи дека Украина планира да потпише цела серија билатерални договори со САД и 12 европски земји – Белгија, Данска; Ирска, Исланд, Шпанија, Норвешка, Холандија, Португалија, Романија, Финска, Чешка и Шведска.

Слични објави