ЕП: Македонските одбојкари поразени во осминафиналето од Италија

од Вести365.МК Ј.Р.

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство (ЕП), откако вечерва во Бари беше поразена во осминафиналето од домаќинот Италија со 3-0.

Актуелниот светски и европски првак се покажа пресилен противник за избраниците на селекторот Јошко Миленкоски, кои и пред почетокот на натпреварот ставија до знаење дека натпреварот со Италија ќе биде за уживање и круна на нивните кариери.

Италијанците го добија првиот сет со 25-20, вториот со 25-12, а третиот го решија во своја корист со 25-15.

За македонските одбојкари ова беше трето и најуспешно учество на европските првенства. 

Во рамки на групната фаза, која се играше во Скопје, македонските одбојкари го освоија четвртото место во групата Ц и прв пат во историјата обезбедија осминафинале и пласман меѓу 16 најдобри европски селекции. 

Слични објави