Енкеледа Чела е исчезната во Скопје, пријателите ја бараат од петокот вечерта

Албанката Енкеледа Чела (21) е исчезната од ноќта петок кон сабота. Нејзините пријатели за нејзиното исчезнување го информирале и нејзиното семејство во Албанија.

Чела, која во Скопје студирала на Економскиот факултет, во петокот вечерта некаде околу полноќ и 1 часот излегла да прошета на кејот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела.

Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата, пишува А1Он.

Слични објави