Елмас со моќна порака: Доаѓаме од мали земји, а сепак креираме историја!

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас со својот клуб Наполи го освои Скудетото во Серија А откако пауза од тринаесет години. Елмас беше еден од најеуфоричните во незаборавното славје на наполитанците, а на социјалните мрежи испрати моќна порака.

„Доаѓаме од мали земји како МакедонијаКосовоГрузијаНигеријаСловачкаКамерун. Останатото е историја. Сонот на Неапол стана стварност“.

Вториот македонски фудбалер кој го освоил трофејот во Серија А е Елмас, кој до сега одигра 32 натпревари и постигна 6 гола за Наполи. Пред него, уште само легендарниот Горан Пандев го освоил Скудетото во историската сезона на Интер во 2009/10, и од него Елмас ја доби најубавата честитка:

Слични објави