Дунав се излеа во Будимпешта: Го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот (ВИДЕО)

Дунав се излеа од коритото во Унгарија, а водата го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот во Будимпешта.

Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите се уште е сериозна и тешка.

Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој, бидејќи после тоа може да има проблеми“, изјави Орбан.

Тој додаде дека се очекува поплавата да ја напушти земјата до средината на следната недела.

https://twitter.com/moore_madi73907/status/1836642008762585513

Слични објави