Договорот за прекин на огнот во Газа ќе биде потпишан денес во 12:00 часот по локално време

од Вести365.МК Ј.Р.

Потпишувањето на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа е закажано за денес во 12:00 часот по локално време, изјави извор запознаен со деталите од договорот, јавува ББС.

Истиот извор  додаде дека прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш по потпишувањето.

Израел и Хамас претходно соопштија дека се согласиле за договор за прекин на огнот и размена на заложници, што е првиот чекор во планот на Трамп за прекин на конфликтот во Газа, каде што се убиени повеќе од 67.000 луѓе.

Слични објави