Добра вест: Пронајден е Владимир Бурев од Штип

од Вести365.МК Ј.Р.

Владимир Бурев од Штип, за кого беше пријавено дека исчезнал пред два дена, е пронајден жив и во добра здравствена состојба.

Веста ја потврди неговата сестра преку објава на социјалните мрежи, во која соопшти дека Владимир е дома и се чувствува добро. Таа не откри дополнителни детали околу неговото исчезнување.

Семејството упати јавна благодарност до сите граѓани кои помогнаа во ширењето на повикот за негово пронаоѓање.

Слични објави