ОВЕН
Со нетрпение чекате одговор од деловниот соработник, но не се разочарувајте ако не успеете во она што сте го зацртале. Ќе има можност во друг период. Партнерот е расположен за домашната верзија, додека вие повеќе би сакале да излезете надвор.
БИК
Време е да се посветите на обврските, но воопшто не сте расположени за работа. Вие сте во статична состојба и повеќе би сакале да легнете и да дремнете. Партнерот има и некои работи што треба да ги направи да има кој да ве анимира и расположи.
БЛИЗНАЦИ
Добро е што последниот работен ден се сетивте на задачите што веќе требаше да ги завршите. Но, водете се според принципот – подобро доцна отколку никогаш и подгответе се да се фатите за работа. Немојте да се изненадите ако добиете критики од соработниците.
РАК
Денес сте во контакт со зафатени луѓе кои ви ја одземаат енергијата. Но, тие ви се потребни и се обидувате да се усогласите со нив. Дури и во контакт со партнерот нема да можете да се расположите како што треба. Ве мачат некои мисли.
ЛАВ
Ладна одлучност – ова е најблискиот опис на вашата ситуација во деловниот сегмент денес. Она што треба да го решите, ќе го решите, иако нема да бидете феноменално расположени. Во емотивниот сегмент ќе се запознаете со поранешниот партнер.
ДЕВИЦА
Една семејна обврска или преокупација со проблемот на некој од членовите на семејството нема да ви дозволи да се фокусирате на обврските. Ќе одолговлекувате многу. Повеќе сте расположени за осаменост отколку за емотивен партнер.
ВАГА
Ве мачат проблеми во врска со договор, но не знаете како да го решите. Премногу се стресувате за нешто на што не можете да влијаете во моментот. Комуникацијата со една личност е прилично оптоварена за вас. Не сте задоволни од нејзиното додворување.
СКОРПИЈА
На дневен ред се некои непријатни деловни обврски. Не сте расположени за работа, но сфаќате дека не смеете да го напуштите ова. Нагласена е одговорноста. Плановите со саканата личност веројатно нема да бидат можни да се реализираат. И двајцата сте премногу зафатени.
СТРЕЛЕЦ
И вие денес повеќе би сакале да избегате од сите обврски. Сепак, имагинацијата и реалноста не се едно исто, па дефинитивно ќе мора да го правите она на што сте се обврзале. Повеќе ви треба емотивен партнер отколку што сакате да признаете. Се чувствувате несигурно.
ЈАРЕЦ
Сигурно е дека повеќе пати ќе ве обземат темни мисли и лошо расположение. Обидете се да ги оттурнете од себе, бидејќи немате апсолутно никаква причина да се грижите. Ова е само пад на енергија, веројатно предизвикан замор и напнатост од претходните денови.
ВОДОЛИЈА
Денес парите лесно се лизгаат од вашите џебови, па би било добро кога би знаеле да запрете пред целосно да го опустошите вашиот паричник. Но, затоа мал подарок од членовите на семејството или децата ќе ве израдува, а саканата личност ќе има грст убави зборови за вас.
РИБИ
Денеска вашето расположение нема да биде фантастично, бидејќи ќе бидете окупирани со минатото и ќе размислувате за грешките и пропустите кои сте ги направиле. Не дозволувајте ова да ви ја одземе енергијата и да ви пречи на секојдневната рутина. Можност за тајно флертување.