Овен
Љубов:
Важно е добро да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да исполните нечии потреби.
Работа:
Влевате доверба, бидејќи во некои критични ситуации сте способни да донесете правилна одлука од заеднички интерес.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Бик
Љубов:
Важно е да сте во позитивна средина и со саканата личност. „Малите наклонетости“ носат големо задоволство во секој поглед.
Работа:
Имате добри идеи, но некој ве отфрла. Не дозволувајте деловното недоразбирање значително да влијае на вашата концентрација или волја.
Здравје:
Поттикнете ја вашата решителност, самодоверба и силна волја.
Близнаци
Љубов:
Избегнувајте ривалство или љубоморни сцени. Покажете и на вашата сакана личност дека имате слични потреби и користете „зрнце мудрост“ кога е потребно.
Работа:
Упорно барате излез од комплицираните ситуации, но некој ве оптоварува со разни барања.
Здравје:
Ќе ви годи креативен одмор и психофизичка релаксација.
Рак
Љубов:
Имате впечаток дека саканата личност не ги разбира вашите намери. Секој од вас е „приказна за себе“, со мистериозен вовед и необично однесување.
Работа:
Оптоварени сте со различни обврски, но околината очекува да решавате прашања од заеднички интерес и да делувате доволно ефикасно.
Здравје:
Доверувањето и разговорот позитивно влијаат на вашата ментална состојба.
Лав
Љубов:
Имате добра волја и емотивна нота, а партнерот има смисла за убави и корисни работи. Прекрасно се надополнувате.
Работа:
Обрнете внимание на различните детали во новите преговори. Деловното жонглирање понекогаш изгледа премногу заморно.
Здравје:
Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.
Девица
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.
Здравје:
Не ги задржувајте вашите чувства или желби, опуштете се.
Вага
Љубов:
Непотребно се оптоварувате со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Променете ја вашата ориентација во размислувањето.
Работа:
Не ви се допаѓа да знаете дека страдате поради нечие самоволие или дека сте во инфериорна позиција во однос на колегите.
Здравје:
Бидете умерени и избегнувајте различни предизвици.
Скорпија
Љубов:
Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот. На светот околу вас гледате со поинакви очи и со поголем оптимизам.
Работа:
Во повеќето ситуации, можете да ги прилагодите основните критериуми според вашите интереси и да се борите за подобри услови.
Здравје:
Обрнете внимание на некоја весела и забавна содржина, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
На моменти делувате мистериозно, но партнерот нема доволно интерес или волја да ги открие вашите мисли.
Работа:
Способни сте да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати.
Здравје:
Зрачите со позитивна енергија и добро расположение.
Јарец
Љубов:
Ако ви е важно за средба со една личност, не двоумете се. Обидете се да создадете љубовна атмосфера.
Работа:
Внимателно разгледајте ги алтернативните решенија што ви се достапни. Нема причина да донесувате избрзани одлуки.
Здравје:
Важно е да ја задржите вашата смиреност.
Водолија
Љубов:
Со вешти потези можете да ги реализирате вашите емотивни намери. Партнерот ве радува на различни начини, додека вие задоволно се смеете.
Работа:
Поттикнете ја вашата љубопитност и креативно расположение. Ве очекува ново или поучно искуство кога ќе се сретнете со вашите соработници.
Здравје:
Во одлична форма сте.
Риби
Љубов:
Треба да разберете нечија емоционална слабост или неспособност да ги исполните вашите очекувања. Не бидете премногу строги.
Работа:
Некој се обидува да ве убеди во неговите добри намери, но јасно ви е дека работите изгледаат неубедливо и поинаку.
Здравје:
Обидете се да го разубавите вашето расположение