Овен
Љубов:
Не наоѓате оправдување за нечии постапки, но се додека се чувствувате вознемирени, не можете да донесете вистинска одлука.
Работа:
Направивте погрешна деловна проценка или избор, сега треба да трпите нечија критика.
Здравје:
Не го губете духот, гледајте на работите со поголем оптимизам.
Бик
Љубов:
Авантурата може да ве доведе во непријатна ситуација. Подобро е да се одлучите за добро познато друштво.
Работа:
Личното достоинство или големата гордост не дозволуваат да се расправате со една личност.
Здравје:
Ќе ви годи рекреација или хоби.
Близнаци
Љубов:
Саканата личност очекува од вас постојано да ги исполнувате вашите ветувања. Тешко ви е да ги балансирате вашите потреби и интереси.
Работа:
Очекувате позитивен одговор или некое признание за вашата работа. Не дозволувајте некој да ве испровоцира на импулсивно однесување.
Здравје:
Ќе ви годи креативната изолација, применете една од техниките за психолошка релаксација.
Рак
Љубов:
Ве очекува емотивно задоволство кое ќе ве исполни со позитивна енергија. Уживајте во вашето избрано друштво.
Работа:
Не ви се допаѓаат нечии идеи. Можете да смислите паметно решение и соодветно објаснување за вашите колеги.
Здравје:
Во добра психофизичка форма сте.
Лав
Љубов:
Важно ви е да се наметнете како авторитетна личност во друштво на саканата личност. Упорно се обидувате да влезете на нечија „љубовна патека“.
Работа:
Соработниците ве критикуваат дека ги ставате вашите лични интереси на прво место или честопати практикувате самоволие.
Здравје:
Контролирајте ја вашата импулсивна природа и нервоза.
Девица
Љубов:
Бидете упорни пред партнерот, не ги потиснувајте вашите емотивни желби и потреби.
Работа:
Вашите зборови не се доволна гаранција да оставите позитивен впечаток кај личноста која одлучува за деловните интереси.
Здравје:
Нема причина да се оптоварувате со непотребни сомнежи.
Вага
Љубов:
Нема причина да се крие вистината кога ќе се сретнете со саканата личност. Потребна ви е нечија наклонетост.
Работа:
Дејствувате динамично и на соработниците им е тешко да го следат вашето забрзано темпо. Треба да се прилагодите.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација и повеќе часови здрав сон.
Скорпија
Љубов:
Потребна ви е нечија искрена поддршка или личност со која ќе изградите чувство на доверба и емоционална блискост.
Работа:
Не можете да им угодите на сите, но не треба да ја игнорирате позитивната страна на партнерството или улогата што ја играат одредени соработници.
Здравје:
Размислете за полесна исхрана, избегнувајте нездрава храна.
Стрелец
Љубов:
Не сакате емоционална удобност, но нечие однесување ве потсетува на „претходно режирана претстава“ во која ви е доделена споредна улога.
Работа:
Нема потреба од учество во нова дискусија за деловни цели, има различни сфери на интерес и определување меѓу соработниците.
Здравје:
Ќе уживате во психофизичка релаксација и активен одмор.
Јарец
Љубов:
Не дозволувајте некој да го окупира вниманието на вашиот партнер. Важно е правилно да ги насочите мислите и да ги елиминирате разните непријатности.
Работа:
Доколку сте добро информирани за деловните можности и сте претприемнички, можете да очекувате двоен профит.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Водолија
Љубов:
При средба со саканата личност, нема причина да се инсистира на некои споредни настани.
Работа:
Се консултирате со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација или средба со пријателите.
Риби
Љубов:
Во голем занес, желбите ги насочувате кон погрешна личност. Погледнете наоколу пред да донесете нова или важна одлука.
Работа:
Имате погрешен впечаток. Нема потреба да го привлекувате вниманието кон себе, доколку однапред не пружите нечија поддршка.
Здравје:
Ќе уживате повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.