ОВЕН
Некој се обидува да ве придобие со своите планови. Слушајте, можеби би можеле да направите некоја поконкретна работа. Навистина ве нервира што не можете да се договорите за некои прашања со членовите на семејството. Добро се чувствувате во емотивниот сегмент.
БИК
Некој може да ви даде информации кои се поволни за вас, но не сте сигурни колку можете да му верувате. Се плашите да не бидете разочарани подоцна. Имате интересна комуникација и благо флертување со две лица. Ви се допаѓа целата ситуација.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе ви треба помош и поддршка од колегите, па потрудете се да побарате услуга од нив бидејќи нема да можете сами да ги завршите обврските што ги имате. Партнерот е расположен и подготвен е да ви прости за ситните грешки од претходните денови.
РАК
Свесни сте дека сте блиску до важни деловни промени. Ако не денес – утре ќе ја добиете информацијата која долго ја чекавте. Денот е одличен за емотивни настани. Некои ќе имаат контакт или средба со поранешен емотивен партнер.
ЛАВ
Можно е планираниот состанок или патување да се одложи во последен момент. Имате чувство дека некои можности ви излегле од раце. Бидете фер кон членовите на семејството, бидејќи денес може да биде малку понапната ситуација во семејното опкружување.
ДЕВИЦА
Некој ќе најде вина за сè што ќе кажете или правите. Не го сфаќајте ова лично, очигледно е дека денес ви треба повеќе труд за да убедите некои луѓе во исправноста на вашите ставови. Ако можете, попладнето поминете го во одмор и релаксација.
ВАГА
Имате чувство дека луѓето со кои работите се обидуваат да спроведат некои договори. За жал, не можете да направите ништо конкретно, освен да следите како се одвива ситуацијата. Емоционално сте несигурни и ви треба внимание и присуство на саканата личност.
СКОРПИЈА
Сосема неочекувано, плановите за кои веќе мислевте дека ќе треба да се откажете почнуваат да се одвиваат во нормален тек. Многу работи сте ги премолчиле на саканата личност и мислите дека е вистинско време да се отворите пред него.
СТРЕЛЕЦ
Денес сте несигурни, а во исто време и нерасположени, а тоа треба да се трудите да не го покажувате во комуникацијата со луѓето со кои работите Сфаќате дека мора под итно да промените нешто во односот со саканата личност.
ЈАРЕЦ
Загрижени сте како понатаму ќе се развива ситуацијата по прашање кое ви е важно. Немате причина да бидете вознемирени. Разговарајте отворено со саканата личност, бидејќи на овој начин ќе ги надминете ситните прашања кои ја мачат вашата врска.
ВОДОЛИЈА
Добивате цврсти гаранции дека ќе успеете во една деловна работа. Едноставно не знаете дали можете да се радувате на тоа. Преку пријател запознавате личност која навистина ви го привлекува вниманието. Обидете се да имате посилна комуникација со неа.
РИБИ
Прилично сте уморни во текот на оваа недела и едвај го чекате попладнето, за конечно да се одморите и да го испланирате викендот. Денеска ќе бидете летаргични поради обврските. Саканата личност предлага интересен состанок или вечера. Ова би било штета да се пропушти.