Директор на БиБиСи поднесе оставка – ПРИЧИНА БОРИС ЏОНСОН

Директорот на Би-Би-Си поднесе оставка поради скандалот околу наводната вмешаност на поранешниот британски премиер Џонсон во неговото назначување за претседател на јавниот сервис.

Во јануари, Ричард Шарп побара од одборот на Би-Би-Си да ги истражи околностите околу неговото назначување за шеф на Би-Би-Си, поради наводите дека Борис Џонсон му помогнал да дојде на позицијата во замена за помош за подигање заем.

Медиумите претходно објавија дека Шарп, кого Џонсон го препорачал за директорска позиција во 2020 година, му помогнал на поранешниот премиер да обезбеди гарант за заем од околу 909.500 евра, што поттикна повици за истрага за потенцијален конфликт на интереси во процес на именување Шарп.

Шарп негираше каква било вмешаност во организирање каква било финансиска помош за Џонсон.

Слични објави