Денес сончево со температури до 39 степени

од Вести365.МК Ј.Р.

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови.

Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да надмине и 40 степено. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

Слични објави