Синоќа дедото на девојчето кое беше едно од осумте загинати во крвавото дивеење на тринаесетгодишно момче во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград им оддаде почит на трагично повредените деца и на Драган Влаховиќ, човекот кој ги пречекувал ги и испраќал од училиште.
Се си мислам дека не е вистина, ќе ми кажат дека внуката си дошла дома – вели неутешниот дедо.
Наместо внуката да го закопа дедо ѝ, јас несреќниот треба да ја погребам… убавата одбојкарка на дедо. Како ќе живееме сите, не знам. Во ова училиште одеше и постариот внук. Се спреми внуката на дедо, сабајле облече фустан, среќа моја и отиде да се слика – раскажал потресениот дедо за Република.

„Да останеа еден ден подолго на одмор, трагедијата ќе беше избегната“
Таа ми испрати видео од Солун. Тие дојдоа синоќа од пат, таму го поминаа празникот. Мајка и вели, како не останаа уште еден ден за да се избегне трагедија – вели дедо.
Ученчка од второ одделение го нацртала убиениот Драган, миленик на децата на училиште. Таа и нејзините родители дојдоа да се простат од настраданите во крвавата катастрофа. Нејзиниот татко сакал да го залепи тој цртеж на вратата од училиштето, но полицијата не му го дала поради истрагата.

Голем број луѓе се собраа на белградскиот Цвјетни трг за да им оддадат почит на жртвите. Оставија цвеќиња, запалија свеќи. Тие на поменот дојдоа со транспаренти на кои главната порака беше „Родители, разговарајте со децата“.
Во цела Србија е прогласена тридневна жалост, а во четврток нема настава во основните и средните училишта, а наставата ќе започне во петок со едноминутно молчење.

Во крвавото дивеење, тринаесетгодишно момче со пиштолот на својот татко уби осум соученици и еден чувар, при што рани уште шест ученици и наставничка по историја. Едно девојче се уште се бори за живот, а животот на учителката е загрозен и повреден.
Откако влегол во училиштето, убил чувар, влегол на час по историја и почнал случајно да пука. Тој се криел во училишниот двор, по што полицијата, која самиот ја повикал, набрзина го уапсила и го однела на распит. Тој го испланирал масакрот еден месец претходно, и запишал кого сака да убие, како и скици од училниците во училиштето. Момчето сега е во психијатриска болница, а неговите родители се уапсени.