Градови во Кина бара климите да се на 26 степени за ладење

Индустриските градови на југот на Кина ги повикаа компаниите и домаќинствата да штедат електрична енергија.

Поради екстремната топлина и неопходното ладење потрошувачката на енергија се искачи на рекордно ниво.

Потрошувачката на енергија во градот Маоминг во јужната кинеска провинција Гуангдонг се зголемила за 8,01 отсто на годишно ниво во периодот од јануари до мај, пренесува Ројтерс.

Официјални лица во Маоминг, градот каде што се наоѓа нафтената рафинерија, ги повикаа компаниите да ја ограничат потрошувачката на енергија и предложија државните фирми, граѓаните и трговските објекти да ги ладат своите простории на температура не пониска од 26 степени.

Слични проблеми беа забележани и во провинцијата Хаинан, каде што енергетската мрежа е преоптоварена поради продолжената топлина, а потрошувачката на енергија од јануари до април се зголеми за 11,8 отсто на годишно ниво.

Бранот топлина и суша што ја погодија Кина минатата година доведе до недостиг на електрична енергија, што се одрази на производството на алуминиум во одредени региони на оваа земја, потсетува британската агенција.

Слични објави