„Го оставив оти има рак, но тоа ми го нарушуваше здравјето и не можев да му помогнам“

Даниел Епштајн (32) го оставила своето момче Џел Фресен кога дознала дека му е дијагностициран рак на мозокот во четврта фаза.Тие двајца купиле куќа во Лондон, а набргу по вселувањето Џеј ги почувствувал првите симптоми на болеста како вртоглавица и гадење.

Набргу по првите симптоми, му бил дијагностициран рак, и бил опериран, по што морал повторно да учи и да оди, а сето тоа било проследено со радиотерапија и хемотерапија.

Во моментите кога се борел за живот, Даниел решил да го остави и да се пресели во Тајланд.

Имавме краток разговор за нашата иднина пред неговата операција и му признав дека се мачам. Се чувствував како најстрашната личност, бидејќи оставив некого затоа што има рак, но тоа ми го нарушуваше менталното здравје и не можев да му помогнам – вели таа.

Даниел вели дека се сеќава на моментот кога таа седела на столот до неговиот кревет кога му рекла дека не може повеќе да биде со него.

– Му реков дека повеќе не гледам како можам да бидам среќна со него Му требаше оптимизам во тие моменти, а јас не можев да му го дадам. Го сакав, но морав да го оставам – искрена е таа

Даниел открива дека таа и Џел сега се пријатели и дека трча маратон за да собере пари за истражување на тумор на мозокот.

– Бевме на еден пат и верувавме во една иднина, а потоа се се смени во еден ден. Секој ден имав напад на паника, земав лекови и едноставно не можев повеќе да функционирам – се присетува Даниел.

Кога станува збор за маратон тој ја бодри.

– Ќе бидам таму да ја бодрам. Неверојатно е што прави. Имам толкава почит кон нејзината дисциплина и упорност – заклучува Џел, цитиран од „ЊујоркПост“.

Слични објави