Гир: Ако не се усвојат уставните измени, ќе ви треба повеќе време за во ЕУ

„Доколку не се усвојат уставните измени, во тој случај ќе се одложи процесот на интеграција во ЕУ. Што значи дека некои други држави ќе бидат во можност да одат напред, што значи практично дека ќе Ви треба повеќе време за да станете членка на ЕУ“. Вака евроабасадорот Дејвид Гир за „Прес24“ објаснува за тоа какво сценарио ја очекува Македонија, доколку не бидат усвоени уставните измени. Потенцираше дека ЕУ немало да исчезне, додавајќи дека истата ќе продолжела да го поддржува реформскиот процес на државата.

„ЕУ нема да исчезне. Ние остануваме тука со Вас, да го поддржиме реформскиот процес и ние сме сме тука да помогнеме на сите кои сакаат оваа земја да има европска иднина“, додаде Гир.

Предизвикот наречен уставни измени стартуваше без поддршка на опозицијата, кога во вторникот предлог-текстот на Владата стигна во парламентот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери експресно закажа стартна расправа во Комисијата за европски прашања во вторник, а првата пленарна седница ја испланира за 18. август.

Слични објави