Германија ќе купи американски ракети „Патриот“ во вредност од пет милијарди долари

Германија ќе купи 600 ракети „Патриот“ од САД во вредност од пет милијарди долари, а германската армија ќе добие обука и резервни делови, објави Стејт департментот.

Во соопштението објавено во четвртокот, се наведува дека САД одобриле продажба на Германија на стотици ракети-пресретнувачи од најновата генерација за употреба во системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, пренесе „Политико“.

Нагласено е дека продажбата ќе ја поддржи целта на Германија за подобрување на националната одбрана како и интероперабилноста со силите на САД и НАТО.

Слични објави