Генералштаб на Украина: Најжестоките борби продолжуваат кај Бахмут и Маринка

од Вести365.МК Ј.Р.

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека најжестоките борби со руските војници се уште се водат кај Бахмут и Маринка, на истокот на Украина. Се наведува дека руските сили се обидуваат да нападнат на правецот Бахмут, а борбите продолжуваат во градот, пренесува Униан.

Во правец на Авдијивка, руската офанзива во областите на населбите Северноје и Первомајское не беше успешна, додаваат од украинскиот Генералштаб. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, продолжуваат нападите на руските сили врз Маринка.

Слични објави